За нас
Нашата приказна
Првиот препарат што излезе на пазарот е Медобил за слабеење, кој за многу кратко време стана водечки и најбаран препарат во својата група. Со директно следење на клиентите, во првата година овој производ кај скоро 90% од конзументите покажа слабеење од 9 до 13 кг за само 45 дена, притоа видно подобрувајќи ја целокупната здравствена и имунолошка слика кај сите. Присутен е на нашиот пазар цели 18 години, а за делотворноста говорат и гарантираат илјадници корисници во Северна Македонија, Албанија, Косово и Србија.
Вториот препарат од нашето производно друштво е производот за дигестивна конзумација (прв од ваков вид по својата намена) Медобил 3 – антицелулитен производ кој за само 75 дена покажа ефект кај паникулопатијата (целулитот), целосна елиминација дури на хроничен или трето-четврто степен кожен дисбаланс.
По огромниот интерес и доверба добиени од нашите верни корисници, кои секојдневно ни се јавуваа и пишуваа во навистина голем број, доверувајќи ни ги нивните здравствени и физички проблеми, продолживме напорно да работиме на изнаоѓањето и усовршувањето формули кои би им помогнале во нивните потреби и барања.
Така следуваа Медобил Актив Лајф – тоник за детоксификација на целиот организам, како и намалување на триглицеридите и лошиот – негативен холестерол во крвта. Потоа билните миксови (чаеви): Медобил – билен микс за хемороиди и Медобил – чај против болки кај дисменореа (месечен циклус).
Поради одличниот пласман и доверба кај корисниците, продолживме да усовршуваме производи и од гранката на препаративната козметологија, со тоа што составот од 65% го сведовме на природен ресурс, кој не би дозволил алергиска реакција кај лицето што се третира, дури и ако станува збор за хиперчувствителен дерматолошки случај. За кратко време, производите од антицелулитната програма (масло, крема и гел) станаа едни од најбараните на пазарот. Веднаш по нив пристигнаа лифтинг лосионот и кремата против стрии (уникатни по својот состав и делување), а потоа производите за нега на коса и стопирање на косопаст (Фоли Стронг), што исто така се покажаа како многу квалитетни и барани на пазарот.
Успехот нѐ инспирираше уште повеќе да ја прошириме нашата понуда. Низ времето, корисниците ни даваа многу инспиративни идеи, водејќи се од сопствените потреби, за да си го олеснат процесот на аплицирање и делотворност на нашите препарати.
Па така, почнавме да соработуваме со странски компании кои нудат производи за ваква намена, како што се: хеланки за слабеење, појас за слабеење, антицелулитни масажери, справи за вежбање, четки за коса, лифтинг мидери, производи за педикирање, маникирање и многу други.
Медобил како компанија се наметна на домашниот и на регионалниот пазар како лидер со докажан асортиман на производи за слабеење и нега на убавината. Како и изминатите години, така и во иднина, ќе продолжиме со одговорна и посветена работа во доменот кој го опфаќаме и адресирање на побарувањата од нашите купувачи и конзументи.
Она што е најважно за сите наши производи е да потенцираме дека се работи за концентрирана форма, а не за раствор! Сите диететски препарати од палетата на брендот Медобил се 100% природни и гарантирано не содржат додадени бои, адитиви, мириси, емулгатори, ниту каква било друга форма на вештачки сврзувачи или синтетизирани творби.
Сите наши машини се увезени од Италија, со свој сертификат и број кои гарантираат за нивната сигурност и безбедност и истите се изработени од највисок инокс материјал. Амбалажата во која се пакуваат нашите производи исто така поседува свој сертификат и истата пред финално полнење поминува низ воден млаз и пареа на 100°C, со додадени специјални антибактериски агенси (наменети исклучиво за прехрамбената индустрија), а нивното сушење се одвива под специјални поларни ламби.
На сите наши препарати редовно се вршат лабараториски и микробиолошки испитувања во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита – Скопје. Како потврда за сигурност и безбедност на исправноста на нашите препарати е поседувањето имплементација на HACCAP систем.
МЕДОБИЛ
ПРЕПАРАТИ ЗА НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА ЕСТЕТИКА И ЗДРАВЈЕ
Брендот Медобил постои од 2001 година и оттогаш активно работи на изнаоѓање и усовршување формули на препарати за надворешна и внатрешна естетика и здравје, со максимални ефекти кај сите индивидуи – конзументи на нашите производи.
На чело на компанијата е сопственичката Наталија Ангелиус (едукативна наобразба – експерт по диететика, со бројни меѓународни признанија и сертификати, а нејзините предци, вклучително и таа самата, се апитерапевти – професионални пчелари од 1865 година), која во исто време е и иноватор на заштитената стопанска марка, патентирано име и технологија – брендот Медобил.
Медобил како компанија се наметна на домашниот и на регионалниот пазар како лидер со докажан асортиман на производи за слабеење и нега на убавината. Како и изминатите години, така и во иднина, ќе продолжиме со одговорна и посветена работа во доменот кој го опфаќаме и адресирање на побарувањата од нашите купувачи и конзументи.
Нашето седиште е во центарот на Скопје, во ГТЦ на 2 кат/локал 318, каде се водат сите комерцијални активности. Производството е во индустриската зона Карпош во Куманово, најчистот еколошки регион, каде работи тим од неколку десетици лаборанти, фармацевти и хемиски техничари со големо работно искуство и бројни признанија за својот труд.
Наталија Ангелиус, основачката и менаџерката на Медобил Груп, беше прогласена за дама на годината за 2018 во регионот, признание за нејзината работа, придонес и креативност. Погледнете го интервјуто со неа во утринската програма на телевизија Телма каде говори за патот до успехот, инспирацијата и асортиманот на производи.