photo

Шампон со арган

350,00 ден 175,00 ден


Оцена :

Состав :

Состојки: Д-пантенол, екстракти од зелен чај, пченка, чајно дрво, арган и хининово дрво

Нето количина: 500 ml

Производител: Медобил Груп

Опис :

Шампонот со арган против опаѓање на косата го храни коренот на влакното и ја стимулира циркулацијата со што се поттикнува растот на косата, а оштетените влакна (крти, кршливи, расцветани и без сјај) се обновуваат. Исто така, го смирува воспалувањето на кожата на главата, го ублажува црвенило и го смалува чувството на чешање, ја чисти и негува косата и кожата на главата и го нормализира работењето на лојните жлезди. Шампонот е погоден за секојдневна хигиена и нега на косата и е вистински избор за боена и хемиски третирана коса, оштетена од ефекти на УВ зраци, животната средина и стилот на живот. Во неговиот состав се содржани екстракти од зелен чај, пченка, чајно дрво, арган и хининово дрво. Д-пантенолот (витаминот Б5) и растителните екстракти и протеини помагаат во зацврстување на косата и во одржување на нејзиниот природен сјај. Наменет е за третман против опаѓање на косата, одржување на хигиена и стимулирање на микроциркулацијата, а со тоа се враќа виталноста и енергијата на коренот.

Препорачан начин на користење:
Навлажнете ја косата и темето, нежно нанесете мала количина од шампонот на мокра коса. Масирајте го нежно скалпот околу 3 минути. Богатата пена исплакнете ја темелно со топла вода. Завршете го плакнењето со млака вода. За најдобри резултати користете го шампонот 2-3 пати неделно, следете го упатството и користете ја колекцијата на Медобил за третман на коса: Фоли Стронг маската за коса и Фоли Стронг лосионот против опаѓање на косата. Шампонот може да се користи секојдневно.