photo

Медобил Голд

1.980,00 ден 990,00 ден


Оцена :

Состав :

Состав: мед, прополис, матичен млеч, Л-карнитин и билни екстракти

Нето тежина: 500 g

Опис :

Код на продуктот: MG006
 
Производот Медобил Голд е препарат на база на мед, прополис, матичен млеч, Л-карнитин и билни екстракти. Доколку се конзумира според упатството за употреба, со него се постигнува ефективно слабеење или губење на килограмите, по еден килограм на три дена или максимум 10 килограми за еден месец.

Благодарение на неговиот 100% природен состав, овој производ смеат да го конзумираат деца со наполнети дванаесет години, доилки после навршувањето на четвртиот месец од периодот на лактација, лица со дијагностициран дијебетес (доколку не се на инјектирање на инсулин) и целата останата популација.

Медобил Голд може да се конзумира и само како додаток во исхраната, за подобрување на имуно-биолошкиот систем (имунитетот).

Начин на употреба
Во 150 ml млака вода се раствора една кафена лажица (во лажицата да биде исполнет само вдлабнатиот дел) од Медобил Голд, добро се промешува и се пие голтка по голтка, во интервали од една минута или вкупно времетраење од 10 минути. На овој начин заменувате еден оброк дневно, оброкот е исклучиво вечерата, доручен и ручек земајте нормално без опструкција и селекција на исхраната. Последниот оброк можете да го конзумирате најдоцна до 17 часот. Медобил Голд како напиток го пиете два до три часа пред спиење.

Какво е дејството на Медобил Голд?
Препаратот делува директно и секундарно на дигестивниот систем. Темелно ги прочистува цревните ресички, со што ја забрзува вибрацијата на самиот метаболички процес на оксидација и така директно делува на процесот на метаболичка детоксикација. Ваквото прочистување му помага на цревниот тракт, како и на осмотскиот и онкотскиот притисок да се избалансираат и постепено да го отстранат зголемениот липиден статус (масните резерви), со што на природен и здрав начин се постигнува слабеење.

Л-карнитинот (или витамин Б20) е најпознатиот и најбараниот природен елемент за слабеење во светот. Овој витамин игра значајна улога во човечкиот огранизам, но најпознато е неговото учество како носач на масните киселини низ страничните мембрани и митохондрии, каде се согоруваат и користат како извор на енергија.

Значи, доколку нема доволно Л-карнитин во нашето тело, мастите не се искористуваат за создавање енергија туку засилено се таложат во мускулите и кожата, со што телото станува млитаво, опуштено и дебело. Со дополнителен внес на хумана доза Л-карнитин, мастите на сосема здрав и природен начин се топат и претвораат во енергија, а телото станува цврсто, затегнато, витко и полно со енергија. Како природен додаток Л-карнитинот е сосема безбеден за конзумација кај деца, доилки, спортисти и стари лица, бидејќи го подига имунитетот, ја подобрува менталната способност и позитивното расположение, ги штити срцето, бубрезите, дигестивниот систем и целокупниот циркулаторен систем заедно со мускулатурата. Токму затоа Л-карнитинот ширум светот е попознат како природен еликсир за слабеење и беспрекорно здравје.

Конзументите, по завршување на третманот со Медобил Голд, добиваат здраво, витално и прочистено тело. Ефектот е траен, а килограмите не се враќаат.

Препораки за редовната исхрана
За времетраењето на Медобил Голд диетата препорачуваме исхраната да биде составена од зеленчук, овошје (посебно препорачуваме свеж ананас), супени производи (меѓутоа не од готови супи) и протеини. Течностите да се конзумираат два пати повеќе од вообичаено (чај од шипка, зелен чај, чај од нане и чај од магдонос). Исто така препорачуваме да не се конзумира храна која е приготвена во рафинирано масло (пржена), храна во која има зачини, храна во чиј состав влегува шеќерот и суровиот скроб (компир, ориз, леб од бело брашно).

Важна напомена
Препаратот не смеат да го конзумираат лица кои се алергични на мед или прополис, бремени жени, деца под дванаесет години, доилки до четири месеци лактација, лица со дијабет кои инјектираат инсулин, лица кои се на посебен медицински третман. Препаратот предизвикува зголемување на телесната тежина доколку се конзумира заедно со оброк.

Безбедност
Од Дирекцијата за храна е категоризиран како додаток во исхраната. Редовно се вршат анализи и испитувања во Ј.З.О. Завод за здравствена заштита - Скопје и е одобрен за конзумација. Одговара на правилникот за исправност и безбедност на храната. 100% македонски производ со ресурси од најчистите еколошки зони.

Нутритивни вредности Вода: 9.660%; Протеини: 2.060%; Редуктивни шеќери: 69.240%; Вкупен инверт: 72.520%; Вкупна енергетска вредност: 1277.000 kJ / 305,000 kcal на 100g; Енергетска вредност од шеќер: 296,000 kcal/100g; Енергетска вредност од протеини: 8,450 kcal/100g;