НЕПЛОДНОСТ-БОЛЕСТ НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК
НЕПЛОДНОСТ-БОЛЕСТ НА СОВРЕМЕНИОТ ЧОВЕК
2024-05-13 23:45:00 Живееме во време кога се се одвива многу брзо. Брзаме да пораснеме, брзаме да ги оствариме задачите и целите во животот, брзаме да го добиеме она за што сепак треба малку да почекаме. Ова брзо темпо не троши и предизвикува стрес. Доколку трае подолго време, стресот преминува во хроничен стрес, создава слободни радикали и го намалува нивото на имунолошкиот систем. Оваа верижна реакција директно доведува до појава на одредена состојба или болест.
Токму неплодноста е олицетворение на современиот човек и огледало на современиот начин на живот. Таа лесно се утврдува и може да се побара помош ако до шест месеци после незаштитени сексуални односи не се случува бременост. Ако во минатото жените беа причина за неплодност, денеска за неплодноста подеднакво се одговрни и жените и мажите. Со проблемот на неплодноста се соочува релиси секој петти пар на земјината топка. Звучи фрапантно, но тоа е реалноста. Основната причина за тоа е одложувањето на идејата за концепција, односно за стварање на потомство без оглед на тоа дали станув збор за брак, партнерска заедница или за самохран родител кој сака да има свое потомство. Од медицински аспект, намалената оваријална резерва, тубарниот фактор, аномалии на матката, отсуството на здрави и подвижни сперматозоиди и разни болести, се најчести причини за појава на неплодност.
Биолошки потпомогнатото оплодување или ИВФ(Ин витро) донесоа револуција во медицината. Оваа медицинска гранка постојано се развива и чекори напред со цел овозможување на луѓето да створат потомство и да се реализираат како родители. Станува збор за многу сложена постапка во која се вклучени повеќе специјалности од медицината. ИВФ е последна алтернатива, последна можност со која се овзможува стварање и одржување на здрава бременост во текот на 40-те гестациски недели. Постапката се изведува со вадење, пунктирање на женските полови клетки-јајце клетки. Истовремено, партенрот остава машки полови клетки-сперматозоиди. Во лабораторија за ИВФ се врши обработка и одбирање на најдобрите јајце клетки и сперматозоиди. Со Икси метода се врши директно оплодување на половите клети. Потоа процесот продолќува со следење во лабораторија. Доколку се создаде ембрион, тој се враќа во матката кај жената на третиот, односно на петтиот ден. Ако ембрионот се вгнезди во ендометриумот, внатрешната обвивка на матката се случува бременост која може да се докаже после две седмици од направениот ембриотранфер.
ИВФ може да се изведе на спонтан или на стимулиран циклус. Постапката е безбедна, но макотрпна. Освен телесни промени, терапијата која се ординира за стимулирање на женскиот организам да ствара повеќе квалитетни јајци клетки може да предизвика и душевни проблеми. Затоа поддршакта од партнерот и од тимот кој ја издевува ИВФ е исклучително важен. Пред практично да се почне постапката се прави соодветна подготовка на жената и на мажот. Во тие рамки може да се препорача фармаколошка терапија, додатоци во исхрана и менување на некои навики со цел ИВФ да биде успешна.