МОЗОЧНА МАГЛА ПОСЛЕ ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19

photo
photo

МОЗОЧНА МАГЛА ПОСЛЕ ПРЕЛЕЖАН КОВИД-19

2024-05-13 23:44:00

После две години од почетокот на пандемијата со коронавирусот и со заболувањето Ковид-19, светската научна јавност објавува цврсти и потврдени факти како резултат на медицина базирана на докази. Бројни истражувања и клинички студии недвосмислено докажаа дека кај речиси половина од прележаните пациенто си Ковид-19 постои тнр. Постковид синдром. После заразувањето кое се смета за акутна фаза од болеста, следува периодот на хронична фаза и хроничен тек на болеста. Каков ќе биде тој ќе зависи од нивото на имунолошкиот систем и од општата состојба на пациентот. 

До појавата на омикрон варијантата на коронавирусот, Постковид синдромот се однесуваше на симптоми и клиничка слика која после неколлу недели и месеци од прележување на инфекцијата ги засегаше горните, долните дишни патишта, срцето и крвните садови, како и системот за варење на храната. Сега, неколку месеци после појавата на омикрон варијантата, научниците објавија податоци кои се однесуваат на поширока клиничка слика и на дополнителни компликации на разни системи во телото. Тоа пред се, се однесува на мозокот и на намалувањето на когнитивните капацитети што терминолошки веќе е познато под поимот Мозочна магла.
Овој поим во себе ги содржи симптомите како што се: губење на меморија, неможност за расудување, расеаност, општа слабост, пречки во говорот, дезориентиранот, главоболки. Сите овие невролошки дефицити може да доведат и до многу посериозни и трајни оштетувања во мозочните функции. Најзасегнати се повозрасните лица кои веќе имаат некој невролошки дефицит или некоја невролошка дегенеративна болест, како на пример: студени нозе, Алцхајмерова или Паркинсонов болест или комбинација од двете болести. 
Доплонително загрижува и фактот дека Мозочната магла освен телесни симптоми, може и најчесто дава и доплнителни, психички симптоми. Луѓето се чувствуваат преморени, вознемирени, исцрпени, несигурни и како влијание на тој стрес тие се фрустрирани, беспомошни, гневни, депресивни и имаат нарушен сон. Сето тоа резултира со изолација и осаменост што дополнително ја компликува и онака компликуваната состојба кај овие лица. 

За разлика од повозрасната популација, Мозочната магла кај помладите лица кои прележале Ковид-19 најчесто се карактеризира со пад на концентрацијата, со неможност да се учат нови работи и со неочекуван прекин на вербалната комуникација. Кај оваа популација засегната е краткорочната меморија кој ги опфаќа настаните кои се случиле во последниот час.

Според научниците, најдобар и најефикасен начин за надминување на Мозочната магла е ангажирање на мозокот и на ангажирање на што повеќе негови функции. Се препорачува читање, одредено хоби, дружење и социјализација со драги лица, листање на албуми, слушање на омилена музика, евоцирање на драги спомени и споделување на позитини чувства и на позитивна енергија. Треба да се јакне нивото на имунилошкиот систем како најдобра одбрана од надворешните влијанија и уште поважно, тоа ниво да се одржува во текот на целата година. Дополнително, ако овие препораки немаат ефект потребно е да се консултира психолог, невролог или психијатар кои евнтуално би вкличиле фармаколошка или друг вид на терапија. На тој начин ќе се врати функцијата на мозокот и квалитетното ниво на живот.