ИНТЕРАКЦИЈА СО ЛЕКОВИ
ИНТЕРАКЦИЈА СО ЛЕКОВИ
2024-05-13 23:42:00 Меѓусебното дејство меѓу земените лекови се нарекува Интеракција со лекови. Станува збор за појава која секојденвно се случува ширум светот. Интеракцијата со лекови може да го потенцира или да го намали дејството(интензитетот) на земените лекови доколку не се следат упатставата на лекарите кои ги препишале тие лекови.
Интеракцијата со лекови може да се анализира од два аспекта: првиот, доколку комбинацијата и дејството на лековите има позитивен, посакуван ефект врз организмот и вториот, негативен, непосакуван ефект. Во првиот случај, позитивниот ефект ќе се почувствува по одеред период од земањето на лекот кој може да биде основна или дополнителна терапија за некоја состојба или болест. На пример, лековите за хипертензија или за намалувањее на крвниот притисок се хронична терапија која најчесто се зема до крајот на животот. Позитивниот ефект од интеракцијата со лекови е докажан при третман на туберколоза и на бронхијална астма.
Механизмите на интеракција се поделени во три групи: првата која вклучува фармакодинамични интеракции, втората фармакокинтеички интеракции и третата која претставува комбинација од претходните две групи. Фармакодинамичките интеракции се се оние кај кои учинокот на еден лек е променет поради присуство на друг лек не местото на негово делување. Фармакокинетичките интеракции настануваат во текот на апсорпцијата, распределбата и излачуавњето на лекот преку метаболизмот во телото. Комбинираните интеракции настануваат при примена на два или повеќе лекови кои сами или во комбинација со другите лекови може да предизвикаат токсичност на еден или на повеќе органи.
Храната, загадениот воздух, пушењето цигари, загадениот воздух и други пропратни болести може да го променат ефектот на одреден лек. Aнтибиотиците се очигледен пример за тоа. Станува збор за група на лекови кои третираат бактериска инфекција. Доколку одреден антибиотик се прекине на своја рака или се дозира спред сопствена желба, нема да го постигне саканиот ефект. Тоа ќе биде евидентно ако бактериската инфекција се повтори(при порано прекинување) или ако се створи резистентност, т.е. отпорност кон одреден антибиотик(ако се зема на своја рака подолго од прошишаното). И билните препарати може да предизвикаат клинички значајни интеракции. Една од најчестите се крварењата предизвикани од истовремена употреба на Гинко билоба и ацетилсалицилска киселина(витамин Ц).
Важно е да се нагласи дека црниот дроб и бубрезите се органи кај кои најмогу се чувствува негавитниот ефект од интеракцијата со лекови. Затоа, пред земање на одереден лек треба детално да се информирате кај матичниот лекар, кај лекарот специјалист или кај фармацевтот за сите сакани и несакани ефекти од примената и од земањето на одреден лек. Земањето на терапијата во зависност од лекот, треба да се прави во одреден период од денот, пред или после оброк. Само на тој начин интеракцијата со лекови ќе има позитивен ефект и лекот ќе го постигне саканиот ефект за пациентот и за неговото здравје.