ДОБРИ И ЛОШИ МАСНОТИИ ВО КРВТА

photo
photo

ДОБРИ И ЛОШИ МАСНОТИИ ВО КРВТА

2024-05-13 23:41:00

Мастите или липидите во крвта се еден од основните параметри кои укажуваат за статусот на здравјето на секој човек. Доброрегулираните маснотии во крвта значат здрав метаболизам, додека лошорегулираните значат нарушување на метаболизмот на маснотии во крвта и потенцијално појава на болест. Хиперлипидемијата или зголеменото ниво на маснотии во крвта е едно од стотината хронични незарасни болести кое погодува близу половина од светската популација над 30-годишна возраст.

Холестеролот е основна супстанција за живот. Кога неговото ниво ќе биде повисоко од препорачаните вредности станува опасен по здравјето. Постојат два типа на холестерол: добар(ХДЛ) и лош(ЛДЛ). Добриот холестерол има способност да го собира вишкот на холестерол од крвотокот и да го транспортира до црниот дроб. Таму се разградува и се исфрла преку цревата. Доколку низ крвта циркулира повисоко ниво на лош холестерол, може да дојде до неговор таложење на ѕидовите на крвните садови и создавање на складишта на холестерол. Ова е првата фаза или почеток на артериосклероза или почеток на стареење на крвните садови. Доколку овие складишта пукнат, се создава тромб или згрутчена крв кој може да го затвори луменот на крвниот сад и да предизвикa срцев или мозочен удар.

Нерамнотежата меѓу ХДЛ и ЛДЛ се нарекува дислипидемија. Оваа појава може да биде болест сама за себе, но може да се појави како последица на други состојби и болести во организмот како: дебелина, дијабетес мелитус, бременост, зголемен крвен притисок, физичка неактивност или пушење цигари.

Триглицеридите се маснотии кои ги има во храната која секојдневно ја внесуваме. После секој оброк, триглицеридите се складираат во масните клетки од телото. Во случај на недостаток од храна телото ги претвора непотребните калории во триглицериди и ги чува во масните клетки за да подоцна ги користи за енергија. Доколку триглицеридите се во повисоки вредности од препорачаните доведуваат до укрутување и стеснување на артериите кои носат крв богата со кислород и хранливи материи до секоја клетка во организмот.

Причините за зголеменото ниво на маснотии во крвта и за дислипидемија може да бидат генетски и стекнати. Ако на генетските причини не може да се делува, стекнатите причини се оние на кои може значително да се делува за да се регулира нивото на маснотии во крвта. Стилот на живот и навиките се оние нешта на кои директни и веднаш може да се делува. Тоа се однесува на промена на хигиенодиететските навики и на физичката неактивност која треба да се претвори во задоволство кое ќе исполнува. 

Зголеменото ниво на маснотии во крвта се утврдува преку крвна слика. Доколку вредностите се значително поголеми од пропишаните се ординира терапија која најчесто е хронична односно доживотна. Целта на терапијата е регулирање на нивото на маснотии во крвта и намалување на ризикот од компликации кои можат да предизвикаат смртен исход. 

И во овој случај важи правилото за превенција: Подобро да се спречи отколку да се лечи!